Нова манипулација на Тимчо Муцунски за трошење на народните пари

FYp24MnX0AA_V8p

Општина Аеродром изминатиот период изгледаше како да се наоѓа во некоја афричка прашума поради неискосената трева. И покрај многубројните реакции на жителите преку социјалните мрежи, градоначалникот Тимчо Муцунски и неговата администрација воопшто не излегуваа на терен и оставија тревата да порасне како никогаш до сега.

Сега гледаме дека позади сета таа „неработа„ во позадина стоел договор со приватна фирма вреден 350 000 евра. Затоа јавно прашуваме:

Што се случува со сезонските работници во општина Аеродром кои се плаќаат од парите на граѓаните?

Дали намерно општината се доведе во ваква ситуација за да може манипулаторот Тимчо Муцунски да испумпува народни пари и ги оштетува жителите на општина Аеродром со штетни договори?

Левица будно ќе ги следи сите штетни договори и јавно ќе ги обелоденува.

image 8
image 9

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
ЛО АЕРОДРОМ
24.05.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ