ДПМНЕ наместо очајно да шири лажни вести нека ја почне блокадата на институциите

326019965_527592506141414_26703260932717365_n

Откако повторно извиси да обезбеди ново парламентарно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ за да го амортизира незадоволството во членството, одлучи со лаги и манипулации да ја нападне единствената опозициона партија, Левица. Во нивното денешно соопштение, клеветејќи ги пратениците на Левица, лажно обвинија дека Левица направила кворум на Владата.

Имено, пратениците на Левица воопшто НЕ ГЛАСАА за дневниот ред на 103 седница, а беа присутни во салата затоа што имаа нивен предлог-закон за измена и дополнување на Кривичниот законик, по што истите ја напуштија салата. За јавноста да ја знае вистината, потенцираме дека во салата претходно веќе имаше обезбедено КВОРУМ од 62 пратеници на владејачкото мнозинство.

Ваквите очајни обиди на министерот за опозиција Мицкоски само потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да ја кутне оваа криминална влада и малициозно шири РАЗДОР во опозициските редови. Наместо Мицкоски да се занимава со Левица, му препорачуваме да ја започне долгонајавуваната блокада на институциите, како што самиот ветуваше доколку нема избори.

Пратениците на Левица принципиелно ќе се придружат на секоја блокада и обид за рушење на хибридниот режим на СДС и ДУИ, доколку навистина Мицкоски има искрени и чесни намери да стави крај на владеењето на оваа власт.

🔗Доказ (во прилог): Листинг од гласање на дневниот ред – каде се гледа дека нашите пратеници воопшто не гласале: https://rb.gy/vursvx

image
image 1

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
13.02.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ