Од креирањето на одржлив систем на комуникација и комуникациски менаџмент нема ништо

Левица Свети Николе

Во програмата на Општина Свети Николе за активностите во областа на Локален економски развој, на 43-та седница на Советот на општината беше донесена одлука за „Услуга за информирање и едукација на јавноста за придобивките и одговорноста на граѓаните во единицата на локална самоуправа преку креирање на одржлив систем на комуникација и комуникациски менаџмент”.

Во одлуката за создавање на ваков систем донесена уште во 2019 година предвидени се средства од 200.000 денари, пари на граѓаните. Речиси две години подоцна системот за комуникација и комуникациски менаџмент не постои.

Ова е само уште еден од бројните неуспеси на локалните власти, Советот и Општината на Свети Николе, каде не само што не го исполниле ветувањата на граѓаните туку и проектите кои се изгласани на Совет и за нив се одвоени финансиски средства остануваат нереализирани.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО СВЕТИ НИКОЛЕ
08 мај, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ