Од владеењето на СДСМ најголема колатерална штета имаат работниците

левица трудов мсектор

Во борбата на СДСМ со ветерници и целосно насочено внимание на искривување на сликата која ја претставуваат во јавноста, единствена колатерална штета се работниците.

Оваа владејачка гарнитура, предводена од СДСМ, мора да ја напушти власта, за да запрат овие деструктивни политики кои се проширени во секое поле од општественото живеење! Власта мора да се стави во служба на граѓаните, пред се’, во санирање на последиците настанати токму од досегашно погрешно политичко дејствување на оваа гарнитура!

Во месец март дури на 54.662 работници им е ускратено законското право на надомест на плата, а 10.000 работници немаат земено плата ниту за месец февруари, иако чесно ги имаат заработено.

Со ова, СДСМ повторно, по којзнае кој пат потврдува дека работникот е на најниско можно ниво во нивните приоритети. Оваа партија воопшто нема ниту желба, ниту способност, одговорно да излезе во пресрет на најголемото мнозинство во државата – работничката класа, која оставена сама на себе секојднево се бори да обезбеди гола егзистенција.

Додека функционерите од народот наплаќаат милионски суми за патни и службени трошоци како и плати, на обичниот работник не му се исплаќа ни онаа минимална плата која чесно си ја заработил!

Левица, СЕКОГАШ ќе ги има како свој најважен приоритет работниците! Затоа бараме владејачкото мнозинство да престане со штетните политики и парите предвидени за плати да бидат исплатени директно на сметктие на работниците, со што би се спречиле потенцијални злоупотреби како во минатото.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ТРУДОВ СЕКТОР
21 април, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ