Овчеполието оставено без вода – надлежните на одмор!

sveti nikole1

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Нивите во овчеполието оставени без вода во најтоплите летни денови! Приносите на некои култури паднале до неверојатни 80%.

Мештаните споделија дека каналот за наводнување е дефект уште од петокот, но поради поврзаните празници, се’ уште никој не го отстранил. Тие велат дека во последните две седмици, само четири дена имало вода во системот, но и таа била во недоволни количини, за да можат да го наводнат посевот.

Според информациите кои ги сподели ТВ СТАР, претходниот раководител на одговорното претпријатие е во оставка, а актуелниот на годишен одмор во странство, додека пак вработените, поврзале викенд за Илинден.

Земјоделците се жалат дека во овој крај никој не може да ги навади земјоделските култури кои ги има посејано, дополнуваат дека вакви или слични проблеми има секое лето, додека пак државата во системот за наводнување нема вложена ниту денар со децении, што е главна причина за честите дефекти.

Проблемот со наводнување не е само во овој крај, дополнително и селата кои се наоѓаат на територијата на соседната Општина Лозово се во идентична или полоша ситуација!

Левица апелира до надлежните во најскоро време да излезат на терен, за да се отстранат дефектите. 

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-Свети Николе

2 август, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ