Писмо до Кoмунистичката партија на Кина

левица бело

Тагови:

Донирај онлајн

По повод 20-от Национален конгрес на Комунистичката партија на Кина, Левица испрати пријателско писмо до претседателот на Народна Република Кина – Ши Џинпинг, во кое ги поздрави одлуките и заклучоците од Конгресот и воедно го честиташе реизборот за генерален секретар на партијата.

Идеалите за праведност и еднаквост помеѓу народите, социјалното ослободување на работниците и победата на напредните идеи, се наша заедничка водилка – во нов пријателски свет.

Темелите на чудесниот напредок на Народна Република Кина, во духот на научниот социјализам, го менуваат светскиот поредок и вдахнуваат борбен пламен во срцата на револуционерите од цел свет.

Република Македонија го вреднува овој развој и македонскиот народ верува во градењето на нови можности во духот на социјализмот за нашите идни генерации!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

24.10.2022г.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ