Плачковица – дел од тимските активности на Левица

3

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

На тимскиот дух и ослободување од стресот во актуелното политичко опкружување се работи надвор од службените канцеларии и вон работно време, наспроти уверувањата на високите функционери од власта на ДУИ.

Ние, тимот на Левица, се трудиме овие друштвени активности да бидат на различни локации низ Македонија, со цел подобро запознавање со нејзините природни убавини.

Неизоставен дел од оваа традиција ни стана и посетата на спомен обележјата на паднатите македонски херои – борци за слободна и независна Македонија. Со тоа, не само што им оддаваме почит на нивните положени животи, туку и подобро се запознаваме со македонската историја, а ви ја пренесуваме и вам, што е особено важно денес, кога се обидуваат да ја избришат од колективната меморија на македонскиот народ.

Една од овие активности беше минатиот викенд на планината Плачковица. Преку кусото видео, се обидуваме да ви ја доближиме и да ве запознаеме одблизу со македонските природни убавини и нашата богата историја на борба и непокор.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

09.04.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ