По донираното оружје за Украина, АРМ пие украинско млеко

337277655_250283557324996_5849030495933868268_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Откако министерката Славјанка Петровска најави дека Македонија ќе донира 12 хеликоптери на Украина, на трпезата на АРМ преку ноќ се сервира украинско млеко.

Како е стигнато украинското млеко за потребите на АРМ за сега е нејасно. Министерката Петровска јавно треба да одговори дали е распишан тендер за овие производи или се компензација за самоуништувањето на безбедносните капацитети на Македонија, со испраќање на тенковски возила на АРМ кон украинскиот фронт.

Иако економската криза ја прави положбата на македонскиот земјоделец се полоша, наместо државните институции да го потикнуваат домашното производство и да набавуваат македонски производи, НАТО-фундаменталистичката влада на ДУИ и СДС повторно ги става НАТО-интересите на Украина пред сопствениот народ.

До кога македонскиот земјоделец ќе биде граѓанин од трет ред додека министрите со лукративни договори ја уназадуваат надворешната позиција на Македонија?

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

28.03.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ