По иницијатива на Левица – македонските бранители ќе добијат ослободување од обврските кон матичната општина

Левица Ѓорче

Советничката група на Левица при Советот на Општина Ѓорче Петров пред повеќе од 1 месец поднесе иницијатива со која се опфатени семејствата на македонските бранители кои учествуваа во воениот конфликт од 2001 година.

Со усвојување на овој предлог, македонските бранители и нивните потесни семејства ќе бидат ослободени од давачки спрема основните училишта и градинките на територија на Општина Ѓорче Петров.

350137849 799311094882647 8657829817302282319 n

Семејните трауми и заслугите на нашите бранители се преголеми за да се манипулира со нивните заслужени права за кои чекаа повеќе од 20 години.

Очекуваме основните училиште и градинките веднаш да постапат по ваквиот предлог на Левица, усвоен од Советот на Општина Ѓорче Петров.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

31.05.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ