По претставката на Левица ЦРМ потврди дека наместо „Северна Македонија“ треба да стои „Македонско“ во графата за државјанство во „Тековна состојба за вистински сопственици на субјектите”

ЦРМ Македонско

Левица до Централниот регистар на Република Македонија (ЦРМ) поднесе претставка со предлог за натамошно правилно постапување во однос на графата за државјанство на овластените физички лица, во „Тековна состојба за вистински сопственици на субјектите“ – документ кој го издава оваа институција, а кој во континуитет се издава со пополнети зборови – „Северна Македонија“.

Во одговорот кој го добивме од ЦРМ, стои дека е утврден недостаток и постапување по законските одредби, по што Централниот регистар презема иницијатива за меѓусебно усогласување со Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за внатрешни работи, како надлежни институции за функционирањето на Централниот регистар за население.

Имено, оттаму потврдуваат дека е констатирана неопходна промена на системот и оти веќе се започнало со соодветни промени во уписите на личните податоци на државјаните и странците со регулиран престој во Македонија, односно во графа за државјанство, наместо „Северна Македонија“, да стои „македонско“.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ