Погрешните решенија за паркинг во Тетово предизвикуваат револт кај тетовци

LO Tetovo_ЛО Тетово

Loading

Тагови:

Донирај онлајн



Погрешните решенија, кои не само што не ги решаваат проблемите туку и придонесуваат за нивно интензивирање и предизвикуваат револт кај граѓаните, за сите горливи проблеми во Тетово, кои не престануваат. Такво е и решението за паркинзите, кое создаде огромен револт кај станарите од зградите на улиците каде што истото “решение” е воведено, притоа фаворизирајќи ги локалните шерифи и дуќанџиите, а принудувајќи ги резидентите да плаќаат за паркинг, кој на ниеден начин не им е обезбеден.

307534097 465662492272833 1767921803439846854 n

Имено, станарите од зградите пред чии домови, улиците се претворени во паркинзи, принудени се да плаќаат месечен или годишен износ за паркирање, а притоа не им е воопшто обезбедено соодветно паркинг место за наплатеното. Додека обележаните места за паркирање се узурпирани и од други возачи или станари, кои не плаќаат за истите.

Хаосот со паркинзите сé уште останува актуелен, само што сега тетовци ќе мора да плаќаат годишен или месечен паушал (надомест) за истиот. Новиот градоначалник Касами, занемарувајќи ги потребите на граѓаните, единствено што направи е вдомување на џабелебојадци во институциите, кои ќе треба да земаат плата од сумата што нормалните и чесни граѓани ќе ги издвојуваат, а во меѓувреме се оставени на себеси да се снаоѓаат како знаат и умеат за паркирање.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ТЕТОВО

19.09.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ