Покана за прес – Продолжува режимската хајка врз Левица

geni2

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

geni

Продолжува режимската хајка врз Левица! Денеска во 12 часот, членот на Президиумот на Левица, Мариглен Демири, е повикан на информативен разговор во Основното јавно обвинителство Скопје, заради неговото учество во антирежимските протести кои започнаа со противправната и неправедна аболиција.

По тој повод, Левица ќе одржи прес конференција, денес (понеделник, 9 мај 2016 година), со почеток од 13:00 часот, пред Основното јавно обвинителство Скопје.

Потсетуваме дека ова е четврти пат како некој наш член се приведува или повикува на информативен разговор заради учество на протестите, по приведувањето на Бранимир Јовановиќ и притворањето на Здравко Савески и Владимир Куновски.

Потсетуваме и дека по претходните приведувања и апсења граѓанскиот револт само растеше. На граѓан(к)ите им е совршено јасно дека ваквите апсења се последниот очајнички обид на режимот да го скрши протестното движење и да се спаси. Граѓан(к)ите препознаваат селективна правда и затоа денес ќе излезат во уште поголем број на протест, за да ја повратат слободата и правдата!

8ba4c490-659c-4cb3-8c03-b39daf1b019e

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ