Со поклон, почит и тага пред спомен обележјето кај Карпалак почна одбележувањето на трагичниот настан кај месноста Карпалак.

На 8 август 2001 година на автопатот Тетово – Скопје во близина на селото Групчин кај месноста Карпалак од заседа беше нападнат конвој на Армијата, при што загинаа десет армиски припадници – Нане Наумоски, Сашо Китаноски, Горан Миноски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Бранко Секулоски, Дарко Вељаноски, Пеце Секулоски, Веби Рушитоски, Марко Деспотоски, сите од Прилеп и Прилепско.
Оддавајќи им почит на загинатите бранители, пред спомен обележјето се поклонија и положија цвеќе активистите на ЛО Левица од Тетово.
Спомените и тагата остануваат и по дваесет и една година, како вчера да било.
Слава им!
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ТЕТОВО
08.08.2022г.