Поликлиниката во Бутел само во предизборните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

ЛО Бутел butel

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Жителите на општината Бутел во последиве пет години требаше да добијат поликлиника каде ќе можат достоинствено да се грижат за своето здравје. Но, тоа не е така, бидејќи беа излажани и од претходниот градоначалник на СДСМ Велимир Смилевски и од актуелниот на ДПМНЕ Дарко Костовски, и двајцата ја имаа како предизборно ветување.

Поранешниот градоначалник Смилевски за време на неговиот мандат (2017-2021) во неколку наврати најавуваше отпочнување на изградба на поликлиника и како последна пречка до реализација највуваше промена на дуп, па обезбедување на финансии.

Наместо нова поликлиника, жителите на Бутел добија контејнери кои тогашниот министер за здравство ги најави како најбрзото и најисплатливото решение. До денеска ни контијнерите не се функционални!

Актуелниот градоначалник Дарко Костовски, во предизборната кампања ветуваше, или во негов речник – гарантираше, дека општинската зграда ќе ја отстапи за функционирање на поликлиника.

Ветување е невозможно бидејќи здравствениот систем е централизиран, и услугите и финансирањето се организирани и контролирани од централната власт. Здравените установи ги формира Владата а Министерството за Здравство утврдува кои простории се најсоодветни за јавни здравствени установи, за најпосле градоначалниците на ДПМНЕ и СДСМ да можат да се расфрлуваат со лажни ветувања.

Потребата за поликлиника жителите на Бутел ја изразија и преку протест на 26.09.2020 година.

Денеска, граѓаните од општина Бутел добија монтажен објект каде градежните активности не се завршени. Старата амбуланта е срушена, додека актуелната е сместена во објект постар повеќе од 40 години. Таму, паркинг е тротоарот и дел од коловозот на улица Бутелска и условите за работа на здравствените работници се мизерни.

Бараме одговорност од градоначалникот за ветувањата кои ги дал на жителите од Бутел, особено кога се однесуваат на основни животни потреби, бидејќи партиите кои научиле само да приватизираат, не можат да создадат и унапредат.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – БУТЕЛ

22.06.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ