Политичкиот пазар помеѓу СДС и ДУИ нè чини пола милијарда евра

313249608_693371175479283_4469305653923441713_n

Левица во неколку наврати реагираше за несоодветните кадровски решенија во енергетските компании, под капата на државата и апелирааше до власта да не импровизира со неспособен партиски кадар во овој клучен сектор за опстанок на државата.

Во изминативе 20 месеци, овие компании, ЕСМ и МЕПСО, предводени од некадарни партиски послушници, ја коштаат државата преку 500 милиони евра или преку 25 милиони евра месечно.

Со новото кадровско решение во ЕСМ дистрибуција за топлинска енергија се очекува и оваа државна компанија да се приклучи кон останатите две.

Бујар Дардишта, доскорешен директор на Управата за водење на матични книги, на кого му фалеа преко 90 илјади изводи од книгата на родените и кој издаде преку 20 илјади погрешни изводи, сега ќе се грижи за системот на топлинска енергија кој опслужува преку 60 илјади жители.

Јасно е дека Ахмети со ова ги смирува внатрепартиските тензии, но не ни е јасно како премиерот Ковачевски дозволува вакви докажани “експерти”, со сомнителни дипломи, да бидат на одговорни позиции токму во период кога државата се соочува со енергетска криза.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
02.11.2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ