Поставени темелите на соработка и пријателството помеѓу Левица и КПРФ по средбата во Москва

КПРФ3

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Во текот на минатиот викенд, по повод одбележувањето 100 години од младинската организација на Советските пионери, делегацијата на Левица во Москва оствари повеќе формални и неформални средби со раководството на Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ) и Сојузот на Комунистички партии – Комунистички партии на Советскиот Сојуз (СКП-КПСС).

Средбите имаа за цел запознавање помеѓу двете идеолошки сродни партии и изнаоѓање поле на заеднички интерес за понатамошна соработка помеѓу истите. По претходна комуникација на заедничка иницијатива и покана од страна на КПРФ, средбата се одржа во просториите на Централниот комитет на партијата.

На почетокот од централниот состанок, двете партии ја претставија својата историја, внатрепартиската структура и организација, како и начините на дејствување и предизвиците со кои се соочуваат во рамките на своите држави. Освен досегашните политички и изборни успеси и позитивни искуства околу внатрепартиското организирање, беа истакнати и проблемите и пречките со кои се соочуваат левичарските партии во услови на неолибералниот капитализам и империјализмот како негов највисок стадиум.

Вториот дел од состанокот беше посветен на размена на искуства од двете страни, како тие се справуваат со актуелните проблеми и во таа насока беа разменувани совети и идеи за справување со тековните и идни предизвици на централно (национално), локално и внатрепартиско ниво.

Во рамки на дискусијата беа споделени мислењата околу актуелните состојби во меѓународната политика, видувањата за меѓународното левичарско движење и неговото моментално етаблирање во рамките на светската политика.

Особено внимание се осврна на реафирмацијата и сè поприсутна актуелизација на фашистичките и нацистички идеи и движења низ многу земји во светот, како и актуелниот процес на историски ревизионизам во овие земји, како политика за рехабилитација и глорификација на фашизмот, нацизмот и нивните современи облици за што се утврди заедничка загриженост.

Дискусијата на средбата, која помина во срдечна и другарска атмосфера беше затворена со размена за идеи за евентуална идна соработка помеѓу двете политички партии. На обострано задоволство беше констатирано дека партиите имаат идентични идеолошки цели, слични начини на дејствување и организација, како и желба за идна соработка.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

27 мај, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ