Пратениците на СДСМ и ДУИ повторно ги изиграа родителите на децата со попреченост

протести деца со попреченост

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Откако не беа изгласани законските измени поднесени од ЛЕВИЦА, а со кои што се предлагаше двојно зголемување на посебниот додаток за децата со попреченост, денес родителите на деца со попреченост, повторно одржаа протест пред Собранието на РМ.

Родителите на овој протест ги донесоа и своите деца, а беа поддржани и од претставници од скопските здруженија за лица со попреченост, кои што отсуствуваа минатиот пат, но ништо од ова не беше доволно пратениците од СДСМ и ДУИ да ги удостојат овие родители со средба.

Иако првично им беше соопштено на родителите дека ќе имаат средба со пратеници од СДСМ, до средба сепак не дојде.

Поддршка на протестот даваа и случајни минувачи кои што покажаа повеќе слух, разбирање и емпатија од самите пратеници.

На протестот со свое присуство, поддршка дадоа и Катерина Јовановска – координатор на Социјалниот сектор на Левица и Весна Кираџиева – член на Централниот Комитет на Левица.

Родителите на деца со попреченост искажаа благодарност за поддршката и за поднесениот предлог закон во Собранието, но не можеа да го сокријат своето разочарување поради фактот дека истиот не беше изгласан.

ЛЕВИЦА и понатаму ќе ги поддржува родителите на деца со попречност во борбата за своите права, а ќе поддржи и секое законско решение кое што ќе биде во интерес на овие деца и затоа апелираме, кога веќе власта не ги поддржа законските измени поднесени од ЛЕВИЦА, нека понуди свои, само побрзо нека се стави крај на голготата на овие луѓе.

 

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – Социјален сектор

29 април, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ