Покана за прес – Намалување на привилегиите на пратениците

unnamed

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Почитувани новинари и претставници на медиумите,

Политичката партија „Левица“, во петок (9 декември 2016), со почеток во 12:30 часот, во паркот „Жена Борец“ – спроти Собранието на РМ во Скопје ќе ја одржи својата завршна прес конференција, заокружувајќи ја на тој начин својата скромна предизборна кампања.

Прес-конференцијата ќе биде посветена на мерките од Изборната програма на Левица насочени кон намалување на привилегиите и патните трошоци на јавните избрани и именувани функционери и на истата кандидатите за пратеници на нашата партија ќе се појават со џемпери и точаци – како први идни народни пратеници кои на работа ќе одат со велосипеди.

По тој повод, во духот на избалансираното и професионално медиумско информирање, ги повикуваме новинарите од Вашата редакција да ја проследат оваа последна прес-конференција пред започнувањето на предизборниот молк.

Ви стоиме на располагање за повеќе информации.

baner

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ