Претставници од Левица во Брисел на средба со европратеници

Левица Џиш _ Levica Dzhish

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Денеска, делегација на Левица, составена од портпаролот на партијата, Амар Мециновиќ и координаторот на Левица – Дијаспора, Живанка Морис беа гости на состанокот на левичарската парламентарна група при Европскиот парламент (The Left).

309197142 666738834809184 7934701560661507472 n
Портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ и координаторот на Левица – Дијаспора, Живанка Морис

На состанокот, покрај обраќањето на Мециновиќ, кој ја потенцираше потребата за сродни левичарски партии како партнери во борбата против рехабилитацијата на фашизмот и одбраната на правото на самоопределување на македонскиот народ, се разговараше и за потребата од нов енергетски модел на континентот.

Целта на ваков модел би бил враќање на контролата над производството и дистрибуција на енергенсите во доменот на јавната сопственост – како би се заштитиле најранливите класи.

По завршувањето на состанокот, остварена е средба со претседавачот на парламентарната група и европарламентарец од DIE LINKE, Мартин Ширдеван, како и европарламентарката Мартина Мишелс од германската политичка партија.

На средбата се разговараше за неправедните услови кои се наметнуваат преку “францускиот предлог”, како и опасностите за стабилноста на регионот, која се содржи во наметнувањето на негаторски политики и возобновувањето на фашистички дејци и идеи.

Во текот на посетата на Брисел, делегацијата на Левица ќе оствари дополнителни средби со партии од Европската левица.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

28.09.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ