Пријави повреда на работничките права

Пријави повреда на работничките права

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Левица, како единствена Партија на трудот, апелира до работниците да ја пријават секоја злоупотреба ,експлоатација и повреда на работничките права од страна на фирмите.

При економска и енергетска криза (кога Владата ги штити интересите на олигархијата) платите и правата на работникот драстично се редуцираат – затоа што газдите се стремат да го заштитат својот профит.

Во случај на:

Неисплата на регрес за годишен одмор К-15;

Нерегулирани работни часови за прекувремена, ноќна и работа во празник;

Злоупотреба на договорот за вработување;

Вознемирување на работно место (мобинг);

Отказ и дисциплински постапки;

Закани и уцени на работното место;

Трудовиот Сектор при Левица ќе ви помогне за заштита на правата од работен однос и во спроведување постапки пред Трудовиот инспекторат, народниот правобранител и надлежните судови и институции.

Да не дозволиме товарот на кризата повторно да го понесе работникот!

Пријавете на [email protected] или во порака на нашиот фејсбук профил.

*Анонимноста е загарантирана заради заштита од реваншизам.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ТРУДОВ СЕКТОР
23.12.2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ