Левица со работна акција за чисто Тиквешко Езеро

008

Активисти од ограноците на Левица и Црвена Младина од Кавадарци денес организираа голема еколошка работна акција со која го исчистија брегот на Тиквешкото Езеро околу инката на ХЕЦ „Тиквеш“!

Со оваа активност сакаме да го привлечеме вниманието на институциите и организациите во Општина Кавадарци и Република Македонија за еколошки активности кои би помогнале на развојот на биодиверзитетот. За само неколку часа нашите активисти го исчистија брегот од огромна количина на пластика, собраа над 50 вреќи пластичен и метален смет и отстранија стари рибарски мрежи кои се потенцијален биоцид за водниот живот!

Сведоци сме на системското уништување на Тиквешкото Езеро и експлоатација на водите во Република Македонија за производство на електрична енергија, а со последната енергетска криза почувствувавме од колку голема помош е најголемото вештачко езеро во државата. Сепак, ретко кога се посветува внимание на еколошкиот аспект и одлагањето на сметот од вештачките езера.

Упатуваме апел и до нашите сограѓани! Вашиот пластичен и метален смет, пакувањето од пестицидите, кабастиот отпад по градежните активности, а особено рибарските мрежи одлагајте ги во контејнерите на обележаните места на Тиквешкото езеро. Вработените од Јавното Комунално Претпријатие редовно го собираат отпадот. За наше заедничко добро!
Учете од нас! Направете разлика!

ЛЕВИЦА ЛО КАВАДАРЦИ
06.05.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ