Родителите на деца со посебни потреби го креваат гласот за своите права

социјален

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Родителите на деца со посебни потреби, разочарани, напуштени и заборавени од државата, најавуваат протест преку кој ќе се обидат да се изборат за своите законски права.
Ниту една државна институција досега, не покажа слух за вистинско решавање на проблемите со кои што секојдневно се соочуваат овие лица.
Со оглед на фактот дека децата со посебни потреби имаат нужност од 24 часовна нега и грижа, во отсуство на реална државна социјална политика и функционални институции, родителите на овие деца се препуштени сами на себе.
Поради непостоење на функционални дневни центри, со вработен стручен и компететен кадар за целодневна грижа за децата со посебни потреби, еден од двајцата родители мора цело време да се грижи со детето и не е во можност да работи.
Семејствата кои што имаат дете со посебни потреби живеат со една плата, а доколку и другиот родител не е вработен, единствен приход им е посебниот додаток кој што е во износ од 5.021,00 денари.
Овие средства не само што не се доволни за материјално обезбедување на овие лица, туку не можат да ги покријат ниту основните реални потреби од медицински и хигиенски производи, кои што се основна потреба на лицата со посебни потреби, а едно од основните барања на овие родители е зголемување на овој додаток.
Протестот е најавен за 05 Април 2022 година со почеток во 12 часот пред Владата на Република Македонија, а во 13 часот пред Собранието на Република Македонија. ЛЕВИЦА како и секогаш досега, дава безрезервна подршка на лицата со посебни потреби и ќе продолжи и понатаму да делува преку институциите за системско решавање на нивните проблеми.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – СОЦИЈАЛЕН СЕКТОР
3 април, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ