СДС и ДУИ согласни со ширењето на фашистичките и нацистички идеи

ФАШИСТИ

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Генералното собрание на ООН ја усвои нацрт-резолуција за „Борба против глорификацијата на нацизмот, неонацизмот и другите практики кои придонесуваат за ескалација на современите облици на расизам, расна дискриминација, ксенофобија и поврзана нетолеранција“.

Актуелната владејачка елита, во духот на вазалскиот однос, оставајќи ги своите народни и национални интереси во трет план, послушно се солидаризираше со своите надредени и гласаше против резолуцијата во ООН која повикува на борба против современите појави на фашизам и нацизам.

Квислиншката власт одлучи да не се противи на глорификацијата на фашистичките идеи и тенденции во моменти кога:

-Сведочиме на интензивно отворање на културни клубови со имиња на фашисти кои го глорифицираат нацизмот;

-„Историската комисија“ врши ревизија на антифашистичкото минато на македонските партизани, со што нивната жртва се минимизира, додека дејствијата на фашистичките окупатори се релативизираат;

-Измените во учебниците, односно реформите во образованието се спроведуваат согласно желбите на држава – поранешен фашистички окупатор;

-Секојдневно можеме да видиме сквернавање, кршење, крадење или целосно уништување на партизанските споменици кои намерно години наназад не се одржуваат;

-Високи државни функционери на соседна држава постојано искажуваат фашистички и иредентистички идеи кон Македонија.

-Пратениците на Левица поднесоа Резолуција против глорификацијата и рехабилитацијата на фашизмот, нацизмот и нивните современи облици до Собранието на Република Македонија, која под диктат на владејачките СДС и ДУИ и понатаму ја нема на дневен ред, пради вољата на спикерот Талат Џафери.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

07 ноември, 2022

ФАШИСТИ

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ