СДСМ ги кочи измените на Изборниот законик иако уште во 2016 ветуваше една изборна единица

Edna-izborna-edinica-

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Собраниската комисија за политички систем и односи меѓу заедниците ја утврди потребата од донесување на предлогот на Закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, со кој се предвидува воспоставување на една изборна единица на целата територија на државата.

Но, тоа ништо не значи, бидејќи албанските политички партии не се согласуваат со предлогот на законот, а исто така и пратениците од СДСМ изјавија дека не се подготвени да го поддржат истиот, доколку не наиде на поддршка од коалицискиот партнер ДУИ.

Вистинската собраниска процедура околу предлогот на законот допрва следи, бидејќи истиот може да биде кукавички, амандмански блокиран од деструктивните и регресивни сили од владејачкото мнозинство, кои со таков еден потег директно ќе застанат против политичката демократијата.

Во интерес на зајакнување на демократските капацитети на државата, ги повикуваме помалите политички партии, кои се дел од парламентарното мнозинство, да покажат дека не функционираат како полтронски партии и доколку овој предлог на закон не се усвои, истите да го напуштат парламентарното мнозинство.

Воедно, ги потсетуваме СДСМ дека уште во 2016 година, во својата изборна програма, го имаа вклучено моделот на една изборна единица, како определба која треба да ја исполнат во текот на нивниот мандат.

Сегашниот систем de facto е нефункционален бипартиски систем, кој не го одразува вистинското политичко расположение кое владее меѓу народот, со што индиректно се поништува народната волја и се влијае демотивирачки кај гласачите. Доказ за тоа е се помалата излезност на секој нареден изборен циклус, како и големиот број на неважечки гласачки ливчиња.

Со ваквиот неправичен изборен модел, Левица на последните парламентарни избори беше оштетена за дури три пратеници!

Само со нов изборен модел, непосредно ќе им се овозможи на нови политички опции да го остварат своето право на претставување во Собранието, а посредно на граѓаните ќе им се овозможи да гласаат водени од идејата дека нивниот глас вреди и ќе биде соодветно претставен.

Edna izborna edinica

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ