СДСМ има намера тотално да го обезличи македонскиот народ и држава – во документите од високообразовните институции како „место на раѓање” стои „Северна Македонија”

СДСМ Левица северна Македониа

Секојдневно до Левица пристигнуваат рекации од граѓани за нерегуларности поврзани со името на државата и идентитетот на македонскиот народ. Дали властите ќе дадат одговор на тоа – зошто на документите кои ги издаваат високообразовните институции, во графата „место на раѓање“ стои „Северна Македонија“?

Со ваквата постапка власта се обидува да избрише цела историја на името на државата, и ретроактивно пред нелегалната промена на уставното име на државата, да прикаже дека придавката „северна“ од секогаш постоела.

Промената на името на државата воопшто не е безначаен чин, напротив токму тоа е основа за идентификување на македонската нација. Извршната власт предводена од СДСМ, која даваше силни гаранции дека идентитетот е неприкосновен, со ваквите постапки докажува дека единствена намера и е обезличување на македонскиот народ и држава. Односно насилнички се обидуваат да го избришат легално стекнатото име на државата со референдумот од 1991 година, како симбол на државноста и како клучен елемент на концепцијата за македонската држава.

Политичката промена на името на државата нема да биде одржливо на долг рок. Впрочем, историјата многу пати до сега покажала дека таквиот насилнички чин завршува неславно, а на крај од се’, македонскиот народ ќе дојде по своето, за се’ она што природно е врежано во неговата свест.

 

Fakultet za informatika severna makedonia

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ