СДСМ намерно не ги менува законите со кои се приватизира земјиште за бгателна цена

Фатмир Етеми

Повторно се распродава државно земјиште по багателна цена, благодарение на небулозата наречена „дооформување на урбанистичка парцела“, со што градежниот олигарх, Фатмир Етеми, се стекна со сопственост на над 1900м2 земјиште кај Нова Македонија, по цена од само 7 евра по метар квадратен.

Самото земјиште пак, речиси 100 години е сопственост на државата. Претходната владејачка гарнитура ја постави законската рамка за купување државно земјиште по багателни цени, како што беше случаите со Холидеј Ин и Треска.

Имено, законот ви дозволува, доколку „случајно“ се најдете во сопственост на над 30% од земјиште во рамките на една урбанистичка парцела (односно вашата катастарка парцела зазема поголем процент од дадениов), да бидете во поволна позиција да откупите државно земјиште по пат на директна спогодба, без јавно наддавање.

Сè што ви треба е процес на носење на нов ДУП во една општина и пристап до планерот, кој за одредена надокнада ќе ви „нацрта“ парцела или т.н. „маркица“ по ваша мерка, со површина, катност, % на изграденост и коефициент на искористеност во максимум на дозволеното, а можеби и над тоа.

На ЗСФ и Фатмир Етеми ова не им е прв ваков случај, пред две години така се стекнаа со право на имот под Германска амбасада, во Општина Карпош.

Токму тоа и е рецептот по којшто и функционира т.н. „градежна мафија“ и зошто денационализацијата, легализацијата и приватизацијата се опасни процеси, маскирани под велот на некаква правичност. Со таквиот недефиниран имот и со корумпирани поединци на челни места, по планерски куќи, општинските совети и на чело на општините, имотот на државата неповратно се оттуѓува.

Токму затоа, во 2015 година, Законот за градење се менуваше речиси на месечно ниво, а истото важеше и за правилниците за урбанистичко планирање, па сега имаме и целосно неускладени детални урбанистички планови.

Токму затоа најтешко се добива лиценца и овластување за урбанистичко панирање, затоа не постои Министерство за урбанизам, туку ингеренциите за архитектура, урбанизам и просторно планирање се поделени на Министерство за транспорт и врски и Министерство за животна средина и просторно планирање.

Затоа и не постои веќе функцијата „Градски архитект“ и затоа нема јавни урбанистички конкурси, туку тендери за јавни набавки, каде основен услов е најниска цена за изработка на детален урбанистички план, па просторот се крои за 1 евро од хектар, затоа што планерот може да наплати и на друга адреса.

Токму затоа е важно и кој седи и гласа во нашите општински совети! Затоа е важно и коj ги носи нашите закони и коj гласа во законодавната власт, и кој ги спроведува во извршната.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
15 март, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ