(Видео) Широката коалиција СДС-ДПМНЕ против набавка на нови еко-автобуси во сопственост на градот

Amar Mecinovik

На денешната седница на Советот на Град Скопје, повторно се разобличи деструктивното и криминогено делување на широката коалиција од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Имено, спротивно на целокупниот јавен интерес, советниците од овие две деструктивни партии не ја поддржаа Одлуката за набавка на нови еко-автобуси кои ќе бидат во сопственост на Јавното претпријатие, во услови кога Скопје руши рекорди во загаден воздух!

Застапувајќи ги интересите на приватниот капитал, овие два политички субјекти кои три децении непрекинато се богатат врз грбот на сиромашните граѓани и континуирано ги кастрат јавните капацитети, одбија да гласаат за набавка на нови еко-автобуси кои ќе бидат во сопственост на Јавното претпријатие и повторно се ставија во служба на тесно партиски и приватни бизнис интереси.

На самата седница, советникот од редовите на Левица, Амар Мециновиќ, потенцира дека зголемување на капацитетите на ЈСП е од императивно значење. Советникот од Левица потенцира дека во ниту една европска метропола јавниот превоз не е во приватни раце, како што дозволија криминалните структури на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да му се случи на град Скопје.

Додека советникот Реџеп Исмаил-Хактан посочи дека јавниот интерес мора да се стави пред профитот и оттука оваа предлог-Одлука треба да биде поддржана.

Советниците на Левица ги повикаа сите советници во градското Собрание да ја поддржат набавката на нови 50 автобуси, затоа што голем дел и од социјално загрозените граѓани ги користат и зависат од капацитетите на ова претпријатие.

Сепак, повторно преовладоа лукративните бизнис интереси на широката коалиција, а на директна штета на јавниот превоз, борбата за чист воздух и на штета на сите жители на град Скопје.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

26.01.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ