Со новиот ребаланс на буџетот, јавниот долг ќе биде двојно поголем од приходите во буџетот

Левица Џиш _ Levica Dzhish

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Владата донесе одлука за ребаланс на Буџетот на Република Македонија, а со тоа најави нови задолжувања со кои би го закрпиле испразнетиот буџет. За да се сервисираат обврските, државата бара заем во висина од 900 милиони евра од Меѓународниот монетарен фонд, а предвидена е и макрофинансиска помош од ЕУ, како и кредит од ЕБОР.

Јавниот долг на 31.12.2021 година изнесува 7,135 милијарди евра или 60,8% од БДП, додека вкупните приходи во Буџетот се проектирани на 3,878 милијарди евра. Ова значи дека секој граѓанин веќе должи 3.567 евра. Со новите задолжувaња, јавниот долг ќе биде двојно поголем од приходите.

Со ребалансот на буџетот, кој се очекува да влезе во собраниска процедура во мај, проекцијата за економскиот раст за 2022 година ќе се ревидира надолно, за околу 30% од првичниот план (4,6% од БДП) и ќе изнесува околу 3,2%, а буџетскиот дефицит, според првичните проценки од планираните 4,3% ќе надмине 6 отсто. Ќе се зголеми и јавниот долг, од сегашните 60,8% проценките се дека ќе достигне 63,5%.

Додека беше во опозиција, токму СДСМ алармираше дека јавниот долг влегува во ризични размери, кој во 2016 година изнесуваше 50% од бруто домашниот производ. Иако тогаш најавуваше ревизија на сите задолжувања, владата на СДСМ единствено покажа расипничко и непродуктивно трошење на државните пари за сопствени корумпирани интереси.

Владата ја носи Македонија во бездна и во оваа безизлезна ситуација која ја наметна, државата е на добар пат да банкротира, поради енормниот раст на јавниот долг и новите задолжувања, кои се користат ненаменски. Власта и понатаму ги троши народните пари за непродуктивни расходи и главно го одржува своето гласачко тело преку енормно партизираната администрација, место да започне со ветените реформи за поефикасна јавна администрација.

До денес, владата на СДСМ и ДУИ потрошиле 1.325,5 милиони евра за плати, пензии, стоки, услуги и други расходи, додека реализацијата на капиталните инвестиции е многу ниска и изнесува 96,5 милиони евра или 15,54% од планираните. Она што дополнително ја разобличува неспособноста на оваа владејачка гарнитура е тоа што при подготвувањето на Буџетот, воопшто не е предвиден посебен план за задолжување кој би го одобрило, односно усвоило Собранието на РМ.

Ова значи дека оваа влада, со историски најниска реализација на капитални проекти, нема никаква визија за сервисирање на јавниот долг и рационално менаџирање со парите на граѓаните. Владата нема методологија за селекција на проектите, ниту пак следење и надзор врз нивната реализација, што директно влијае врз ефикасното користење на буџетските пари и со тоа управување со јавниот долг.

Левица ќе води политика на зголемување на капиталните инвестиции и нивно поефикасно искористување, наместо недомаќинско трошење на државните финансии. Од позиција на власт, Левица како единствена автентична работничка партија, прогресивно ќе ја оданочи олигархијата и нивните профити, со што буџетскиот дефицит конечно ќе се намали и ќе се достигне фамозната фискална консолидација, која власта со години ја најавува.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
27 април, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ