СООПШТЕНИЕ – Нарушување на универзитетската автономија

11220926_1078139238892975_1957489633324792543_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Левица најостро го осудува противуставниот и противзаконитиот упад на вооружените и униформирани безбедносни структури во автономната територија на најстариот Државен универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Имено, Уставот на РМ предвидува дека „на универзитетот му се гарантира автономија“ (чл. 46, ст.1), а Законот за високо образование вели дека „просторот на универзитетите и на самостојните високообразовни установи е НЕПОВРЕДЛИВ. Полицијата и другите државни органи на безбедност не можат, без согласност на Ректорот, да влегуваат во овој простор“!

Бидејќи не постои никакво барање, дозвола или согласнот на Ректорот на УКИМ, проф. д-р Велимир Стојковски, кој секогаш кога се решава судбината на УКИМ е на некое „службено патување“, демократската македонска јавност со право е згрозена од ваквата брутална манифестација на сила во автономниот простор, кој треба да биде оаза на слободата и прогресот, а не бојно поле за вооружени специјалци со оклопни возила.

Се надеваме дека сликата која ја згрози целокупната слободоумна јавност во земјава и во странство, конечно ќе стане минато и нашите универзитетски кампуси нема да личат на воени зони, туку на места за слободно творење и наука.

Левица јавно го повикува Ректорот на УКИМ да ги искористи своите овластувања и, итно и безусловно, да побара повлекување на специјалните полициски сили од универзитетскиот простор! Исто така, го повикуваме и новиот Министер за внатрешни работи – Оливер Спасовски, да преземе дел од својата одговорност и да го разреши одговорниот полициски старешина кој наредил влез на вооружените полициски сили на автономната територија на УКИМ.

Да живее автономијата на универзитетот!  

Да живее разбудениот студентски дух!

11220926_1078139238892975_1957489633324792543_n

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ