Советниците на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ГРОМ изгласаа зонско за Општина Карпош

levica karposh neshto

На денешната деветта седница на Советот на Општина Карпош се изгласа одлука за воведување на зонско паркирање кое ќе го организира и спроведува ЈП Градски Паркинг на територијата на Општина Карпош. Оваа предлог одлука беше поддржана од страна на советниците на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ГРОМ како и советничката Невена Георгиевска, додека пак советниците на Левица гласаа против.

„Проблемот на со недостатокот на паркинг места се решава со проширување на постоечките паркинг зони и поставување на монтажни паркиралишта, а не со воведување на зонско паркирање. Со зонското паркирање во никој случај нема да се креираат нови паркинг места.“ изјави советникот од редовите на Левица, Мартин Димоски.

Советниците на Левица во Општина Карпош ќе ги искористат сите механизми за спречување на имплементацијата на овој погрешен концепт. Во наредните денови ќе предложат предлог мерки и предлог решенија за решавање на проблемот со недостатокот на паркирање во Општина Карпош.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-Карпош

10 мај, 2022

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ