Почитувани сограѓани, би сакале да ве известиме дека денес советниците од Левица побараа од одделението за урбанизам да се достават следните документи за објектот што е „лепенка“ до Работнички Универзитет, кој по неговото отстранување се сруши дел од Работнички Универзитет:
-Елаборат за геомеханика на почва,
-Проектот за статика,
-Проект за заштита на градежна јама,
-Мислење од ИЗИИС и
-Елаборат за отстранување на објект
Откако ќе ни бидат доставени материјалите, ќе бидат детално разгледани од страна на секторот урбанизам на Левица и доколку се забележат пропусти и нерегуларности, соодветно ќе реагираме.
Законот мора да важи за сите подеднакво, одговорност мора да има.
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ВЕЛЕС
21.06.2022г.