На 14-тата Седница на Советот на Општина Свети Николе беше изгласано покачување на цените речиси на сите услуги кои ги ги дава ЈКП Комуналец. дел од услугите беа покачени речиси за 100%!
Како причина за покачување на цените на услугите беа наведени зголемените цени на енергенсите и покачувањето на минималната плата.
Во дискусијата од страна на Советникот од Левица беа истакнати повеќе аргументи кои се спротивставуваат на покачувањето на услугите:
– Од оваа година Светиниколчани плаќаат дупло повисок данок на имот и не е потребна зголемување на уште една давачка кон Општината односно Претпријатијата.
На Седницата од наша страна беше посочено дека претходно е донесен ценовник за поставување на обновливи извори на енергија по багателни цени, кои пред се ќе бидат користени од страна на моќници и олигарси кои најчесто не се од Свети Николе, а на оваа Седница се донесува ценовник кој ги зголемува цените за Светиниколчани.
Од наша страна беше предложено да бидат зголемени давачките за поставување на обновливи извори на енергија на територијата на Општината Свети Николе, а вишокот приход од ова зголемување да биде пренаменет за дефицитот во работата на претпријатието, со цел да нема зголемување на цената на овие услуги што претставува дополнителен товар за граѓаните.
Единствено Советникот од Левица гласаше ПРОТИВ зголемувањето на цените на услугите кои ги издава ЈКП „Комуналец“!
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-Свети Николе
09 јуни, 2022