Средни училишта оставени без греење среде зима

Sredno_Ekonomsko_i_Opshtinsko_Uchilishte_na_Grad_Skopje_Arseni_Jovkov

Неколку средни училишта (СГГУ „Здравко Цветковски“, државната МИГ, СЕПУГС „Арсени Јовков) на територија на град Скопје се оставени без греење среде зима, а учениците се испратени од дома, на свој трошок (интернет, греење) да реализираат настава од далечина.

Надлежните бараат оправдување во зголемените цени на природен гас, односно во недостатокот на средства да биде обезбедено греење. Меѓутоа, цената на енергенсите не може и не смее да биде причина за затворање на училиште!

Имено, училиштата се должни навреме да планираат и да набават доволни количини енергенси за грејната сезона. Истите ги набавуваат преку јавна набавка уште пред почетокот на грејната сезона. Од јавните набавки на училиштата може да се воочи дека во годините пред пандемијата, кога цените на енергенсите беа далеку пониски од сегашните, јавните набавки за енергенси на овие две училишта биле двојно поскапи отколку за тековнава година.

Дополнително, наставата во СГГУ „Здравко Цветковски“ и без тоа се одвиваше од далечина до 15 ноември поради ненавремено (во текот на летниот распуст) завршени градежни работи.

Обврска на директорите во училиштата е да обезбедат услови за непречено одвивање на наставата. Без изговори. Што зборува за приоритетите на училиштето ако истото останува затворено за учениците во текот на речиси целата наставна година?

Македонија е земја во која пандемијата беше изговор училиштата да останат непрекинато затворени цели 54 седмици (во истиот период во останатите европски земји училиштата со прекини биле затворени просечно 24 седмици). И тогаш и сега Левица укажуваше дека училиштата се затворени поради тоа што се штеди преку грбот на учениците и наставниците.

Децата и младите се најважниот ресурс на едно општество и никако не смее да се дозволи нивното право на образование да биде попречено и уназадено поради немање ресурси.

 

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
21 февруари, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ