На следната 30 седница на Советот на Општина Штип, на Дневен ред се ставени 3 иницијативи кои се поднесени од советникот од Левица, Ангеле Михајловски и тоа:
- Иницијатива за се донесе одлука за набавка на читачи за микрочипови со кои би се вршела контрола на затекнатите регистрирани кучиња на јавни површини во Општина Штип;
- Иницијатива за се донесе одлука за отпочнување на постапка за изработка на Катастар на зеленило на територијата на Општина Штип;
- Иницијатива да се донесе одлука за ослободување од плаќање на одредени давачки и надоместоци кон Општина Штип за бранителите на Република Македонија, учесници во конфликтот во 2001 година.
Дневниот ред во целост може да го разгледате во продолжение:



ЛЕВИЦА ЛО ШТИП
11.05.2023