Тајкуните ги уништуваат македонските реки, додека милионски суми народни пари се слеваат во нивните џебови

зелен сектор1

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Суви речни корита, намален или потполно исчезнат рибен фонд, непостоечки рибни патеки и комплетно променет речен биодиверзитет, а на работ на уништување се Мавровското, Дебарското и Тиквешкото Езеро.

Ова се само дел од последиците настанати како резултат од изградбата на малите хидроцентрали што носат огромен профит за големите бизнис моќници, а минимален бенифит за општеството и заедницата.

Лакомоста на политичките елити и нa тајкуните придонесе од 2010 година до денес со народни пари и со амин на надлежните да се изградат над 100 мали хидроцентрали ширум Република Македонија.

Хидроелектрани се градат и во националните паркови и заштитенитe подрачја речиси без никаква контрола и без изработка на задолжителни студии за оцена на нивното влијание врз животната средина.

Државата во спрега со бизнис моќниците ги даде реките на 23-годишна концесија што е спротивно на европските регулативи. Oвој концесиски рок е далеку над европскиот просек кој е неколкукратно покус.

Концесионерите немааат речиси никаква обврска според договорите, освен да го мерат количеството на вода. A во нашиот Закон за води не постојат правилници со коишто ќе се ограничи штетното дејство врз водите и ќе се овозможи постојана контрола.
Како се гради една мала хидроцентрала ?

Изградбата подразбира најпрвин преградување на речното корито, a потоа пренасочување на речниот тек во цевки.


На тој начин, водата станува „слуга на господарот„ односно на хидроцентралата, а на штета на растителниот и животинскиот свет.

80 до 95 отсто од речната вода ја зема тајкунот, а на реката ѝ се оставаат 5 до 20%. Но најчесто во пракса не се почитува ниту овој брутален сооднос. Делот на коритото околу цевководот се уништува во должина од 3 км, а низводно има суви речни корита од неколку километри.

Со ова се губи потребната количина вода за рибна патека што доведува до изумирање на живиот свет во тој дел од речното корито.

Нема ниту контрола од надлежниот Државен инспекторат за животна средина. За илустрација, еден цел регион во земјава, североисточниот, нема ниту еден инспектор, а општините во овој регион ги контролираат еден инспектор од Пробиштип и еден од Скопје.

Според извештајот на Државниот завод за ревизија од 20.12.2021 година, хидроелектраните учествуваат само со 3,82 проценти во вкупното производство на струја, а во џебовите на газдите се слеваат неверојатни 80 милиони евра, пари кои ги плаќаат македонските граѓани.

Инаку, најголем дел од хидроцентралите се во привремена сопственост на Кочо Анѓушев и неговиот брат Тодор и најголем дел од парите на граѓаните завршуваат во нивни џебови.
Ревизијата утврдила и дека не се склучени договори за 65% од објавените локации.

Од надлежните Министерства поради слабост при планирањето, несоодветно се издавале дозволи, не се вршела контрола на работата на хидроцентралите и паушално се одобрувале елаборати за заштита на животната средина.

Стратешките документи се донесени без направена стратегиска оценка на влијанието врз животната средина и врз база на застарени хидролошки податоци.

Министерствата за економија и животна средина немале доволно луѓе за работа, a и немале меѓусебна координација за следење на работата на концесионерите , ниту пак се водел Регистер за концесии за употреба на водата.

Политичката партија Левица бара:

– Согласно член 49 од Законот за води, ограничување и одземање на водното право, и раскинување на договорот со сите концесионери кои не ги исполниле законските обврски предвидени со договорот, по примерот на Република Српска која раскина над 20 договори за концесии на хидроцентрали.

– Тотална забрана за изградба на било какви хидроцентрали во заштитени подрачја и национални паркови.

– Намалување на времетраењето на концесиите на хидроцентралите согласно европската регулатива.

– Јавно и транспарентно објавување на сите извештаи од МЖСПП за количеството на експлоатирана вода , како и за еколошкиот здравствен статус на секојa река каде има изградено хидроцентрала.

– Прекин на субвенционионирањето на хидроцентралите со народни пари што граѓаните ги даваат преку сметкита за струја.

– Итно екипирање на МЖСПП со теренски возила и со нови државни инспектори во секторот зa води, и задолжителна и редовна контрола и преглед на објектите и постројките согласно член 41 од Законот за води.

Недозволиво е националното богатство на Република Македонија да биде оставено на милост и немилост на неколкумина бизнис моќници чиј единствен интерес е со народни пари да печалат голем профит.

Инаку, десетици мали хидроцентрали веќе никнаа во националните паркови Пелистер, Маврово и Шар Планина, а реките Брегалница, Брајчинска река, Маркова река, Тополка, Коселска река, Шталковица, Мала река, Пена и Бабуна се едни од многуте реки што ги чека уништување доколку во најбрз рок не се отстранат објектите изградени на нивните корита.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-Зелен Сектор

09 мај, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ