Левица – Охрид: Тампонирање и дивоградби во Автокамп „Љубаништа”, власта нуди само предизборен театар

Левица Охрид Љубаништа

Во своите предлог – одлуки, Центарот за светско наследство препорачува охридскиот регион да се стави во светски наследства во опасност, бидејќи од страна на локалната не се прави доволно за да се запазат препораките на УНЕСКО.

Градоначалникот Константин Георгиески со рушење на платформите направи еден предизборен театар, а неговата дволичност и дволичноста на неговата администрација можат да се видат само на терен. Неговото лицемерие дека ги почитува препораките на УНЕСКО за заштита на охридското крајбрежје и рушење на сите дивоградби може да се види подалеку од градското подрачје, во автокампот Љубаништа.

Во овој автокамп извршено е тампонирање на пристапни патишта со езерска песок, како и доградба на шанк (цврста градба) на неколку метри од брегот. Поставени се неколку објекти на бетонирани површини. Исто така, забележано е проширување на постоечката парцела во строго заштитениот појас на Национален парк Галичица, каде се поставени и стотина камп-приколки, за кои газдите узурпатори наплаќаат годишна кирија од 1000 евра.

Ги повикуваме надлежните детално да го испитаат работењето на автокампот Љубаништа и доколку се утврдат овие забелешки узурпаторите да бидат соодветно санкционирани. Доста е глума и предизборно лицемерие од страна на локалната власт на СДСМ, додека Охридското езеро неповратно се уништува.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ОХРИД
28 јуни, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ