Тимчо Муцунски – градоначалник на Аеродром или министер за надворешни без мандат

Сведоци сме дека во Општина Аеродром тревниците се неполеани, дрвата се исушени, а фонтаните за пиење вода пресушени.

Дали градоначалникот Тимчо Муцунски планира да тера и понатаму надворешна политика или ќе почне да се справува со проблемите на жителите како што се недостигот на паркин места и места во градинките, застојот во издавање решенија за легализација и друго?

Проблемите на аеродромци кои се наталожени не се решаваат со темпо како што градоначалникот ветуваше за време на кампањата.

Бидејќи сведочиме дека градоначалникот повеќе се занимава со надворешна политика наместо со локалните проблеми на жителите го прашуваме дали неговата партија ги напушти позициите на реципроцитет и е спремна да гласа за внесување на Бугарите во Уставот без признавање на Македонците во Пиринска Македонија и дали ќе го предадат Гоце прифаќајќи заедничка историја со Бугарија?

Прашуваме кога градоначалникот планира да почне да работи според мандатот кој го доби од жителите на Аеродром и кога ќе престане да глуми министер за надворешни без мандат?!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – АЕРОДРОМ

06.06.2022г.

 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ