Тренчевска да не ги блокира измените за асистенти за учениците со попреченост

305054039_650792696403798_4503921776541773300_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Долго најавуваните измени во Законот за средно образование никако да се реализираат, со што и оваа година учениците со попреченост своето средно образование ќе го започнат без образовни асистенсти.

Иако, инклузијата се истакнуваше како голем успех на неколку поранешни и сегашни ресорни министри, за жал, инклузијата на децата со попреченост во реалноста заживеа многу малку или речиси воопшто не заживеа.

Дистинкција има и во пристапот на државата кон самата инклузија.

Образовните и личните асистенти во основните училишта се под “државна капа” односно, државата обезбедува средства за нивниот ангажман и овие асистенти се вработуваат во основните училишта, со сите права од работен однос.

За разлика од образовните и личните асистенти во основните училишта, во средните училишта, средствата за овие асистенти се обезбедуваат од страна на општините, најчесто преку проекти со невладини организации, без соодветно вработување и за надоместок од 9.000 денари.

Знаејќи ги тешкотиите и проблемите со инклузијата на децата со попреченост и нивните родители, по поднесен амандман на советниците на Левица во град Скопје, се зголеми надоместокот за ангажирање на образовните и лични асистенти во средните училишта во Скопје од 9.000 на 14.000 денари, со можност за уште 4.000 денари за дополнителен ангажман.

Без добро осмислена стратегија и план, имплементацијата на инклузијата падна на терет на наставниците, професорите и најмногу на родителите, па наместо децата со попреченост да се инклузираат во системот, само дополнително ја почувствуваа неговата нефункционалност.

Алармираме на сериозноста на проблемот со кој се соочени децата и јавно апелираме министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и министерот за образование Jeтон Шаќири да не калкулираат со судбината на овие лица и власта веднаш да пристапи кон усвојување на измените на Законот за средно образование.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

06.09.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ