Македонска Кауза – Трибина на Левичарски институт „Рацин“ по повод 150 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев

150 години Гоце Делчев

Почитувани,

Ја имаме огромната чест да го најавиме првиот настан организиран од левичарскиот институт „Рацин”, по повод 150 години од раѓањето на македонскиот револуционер ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ – со цел одбележување на духот на македонската државотворност и за празнување на врската помеѓу минатото, сегашноста и иднината.
На трибината, насловена како „Македонската кауза – 150 години од раѓањето на Гоце Делчев”, говорници ќе бидат:

– Проф. Д-р. Димитар Љоровски Вамваковски
– Проф. Д-р. Љубомир Цуцуловски
– Проф. Д-р. Билјана Ванковска
– Проф. Д-р. Јован Донев
– Проф. Д-р. Стојко Стојков (ОМО Илинден – Пирин)

Настанот ќе се одржи во Кино Фросина, МКЦ – во петок, со почеток од 18:30 часот.
Во време на будење на сенките од минатото, време е и за возобновување на живототворната енергија и желба за слобода во нов пријателски свет, кои биле клучни за сите историски успеси на нашите минати дејци – – да оставиме здрав плод од кој идните генерации ќе бидат оплеменети со мудростите на класната и национална свест која води кон подобар свет!

Линк од настанот:
https://www.facebook.com/events/357562505888699

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ