До Црвена Младина, како единствен автентичен политички претставник на обесправените млади, пристигна шокантна информација дека студентите кои престојуваат во студентскиот дом „Стив Наумов“, во тек на испитна сесија, се „бркаат“ од своето легло.
Имено, поради наводнo реновирањe на студентскиот дом, управата ги приморува студентите да го напуштат домот во ек на јунската испитна сесија, односно на 25 јуни иако им е платено до крајот на месецот, односно до 31 јуни.
Црвена Младина го поздравува почетокот на реновирањето на студентскиот дом „Стив Наумов“ и се надева дека истиот нема да е бескраен процес како реновирањето на студентскиот дом „Кузман“. Но, целосно се спротиставувме на предвременото „бркање“ на студентите, и тоа за време на испитна сесија! Таа една недела плус за компанијата не значи ништо додека за студентите значи се’.
Ги повикуваме сите студенти кои се соочуваат со било какви проблеми во текот на нивното студирање, како со управите во студентските домови или со корупција во високообразовните установи да ни се обратат на социјалните мрежи или, пак, на нашиот емаил: [email protected]
Анонимноста е загарантирана.