Уставен суд ја укина апанажата како што предлагаше Левица

Ustaven-sud-3-Vasko-M

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Пратениците на Левица пред повеќе од една година поднесоа Предлог-законот за укинување на оваа неуставна апанажа, кој најпрво беше опструиран од спикерот Џафери, а потоа не беше изгласан од страна на владејачкото мнозинство.

Сега, Уставниот суд одлучи да нема апанажа за оние функционери кои си поднеле оставка или пак биле разрешени. На последната седница, уставните судии едногласно изгласаа укинување на членот 22 од Законот за плати и надоместоци за избрани и именувани лица, што практично значи дека нема веќе плати за пратениците, министрите, функционерите кои пред истекување на нивниот мандат прекинале да ја вршат својата работа.

Уставниот суд процени дека овој член нема уставна оправданост и затоа сите пет судии гласале истиот да биде укинат. Судот го зеде во предвид и фактот дека до оставка или до разрешување доаѓа заради некаков вид на одговорност поврзана со вршењето на доверената функција.

ustaven 1

Левица е единствена партија која во јавноста алармираше дека правото на апанажа на функционерите е енормно привилегирачки, со оглед на тоа што истото право не важи за работниците, на кои им следува само 50% од просечната нето-плата која невработеното лице ја земало последната година и тоа под услов, само ако има минимален работен стаж од 9 месеци без прекин или 12 месеци со прекин.

Поради ваквите дискриминаторски одредби, Левица во изминатиот период поднесе и предлог-закон за апанажа на работниците, кој повторно не беше изгласан од анти-работничката Влада на СДС и ДУИ!

Ваквите бизнис-партии, кои владеат во тесна спрега со олигархијата се главни генератори и виновници за сиромаштијата, криминалот и класната раслоеност која владее денес во државата.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

03.03.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ