Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, и неговата партија СДСМ, за локалните избори во 2017 година им ветуваа на граѓаните на Дојран обиколница од граничниот премин до Нов Дојран.
За нивните 4 години, Градоначалникот и СДСМ ни метро не направија од обиколницата, а тешките товарни возила се тежок проблем за ова населено место, како за локалното население така и за туристите.
Деновиве СДСМ масовно водат кампањи низ целата држава, па голема е веројатноста на граѓаните на Дојран повторно да им ги ветуваат истите “нови проекти“, кои од искуство знаеме дека никогаш нема да ги исполнат.
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ДОЈРАН
26-07-2021