Мега проектот „Гасификација на градот”, кој требаше да биде најдоброто решение за енергетска ефикасност е уште еден дел од предизборните ветувања на битолската градоначалничка.
Наместо поевтино затоплување за битолчани, единствено тие добија поскапување на електричната енергија, најави за затворање на блок во „РЕК” и милионски задолжувања на „ЕЛЕМ”.
Градоначалничката Петровска ветуваше поставување на првите цевки на секундарната мрежа за гасификација во првата есен од нејзиниот мандат, по примерот на Струмица. Нудеше еколошко решение и заштита на националните шуми со воведувањето на гасификацијата, за денес Битола повторно да руши црни рекорди на загаденост и смртност на жители.
Како и комплетното владеење на нејзината матична партија, проследено со корупција, неспособност, криминал и евидентна неспособност – така и битолскиот кадар на СДСМ владее со градот Битола.
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО БИТОЛА
07 јули, 2021