Владата го озакони должничкото ропство со новиот Закон за буџети

левица бело

Loading

Тагови:

Донирај онлајн



Деновиве владата на СДС и ДУИ го усвои новиот Закон за буџети, со кој Македонија дополнително се втурнува во должничко ропство.

Со усвоените фискални правила, власта постави енормно висока граница на јавен долг, односно долгот на општа влада се дефинира на 60% од БДП и 15% гарантиран долг, додека буџетскиот дефицит е поставен на ниво од 3% од номиналниот БДП.

307093265 659773652172369 3227319720041484147 n

За споредба, од страна на Директоратот на ЕУ за економски и финансиски прашања е посочено дека во Србија, Албанија и Косово воведени се фискални правила, кои се пониски од 50% од БДП долг на општа влада .

Сега веќе законски ќе нè задолжат со критични 75% од номиналниот проектиран БДП, а покрај тоа, постои и негарантиран долг на јавните претпријатија и друштвата во државна сопственост, како и долг на Народна банка, кој од 2014 година е исклучен од вкупниот јавен долг.

Во Србија, фискалните правила се утврдени на ниво 45% од јавниот долг и 1% буџетски дефицит на среден рок. Во извештајот на ММФ, пред пандемијата, препораката беше дефицитот на среден рок да се движи во износ од 1,5% од БДП, а со цел создавање на фискален простор за капитални инвестиции.

Доколку се реализираат лимитите за јавниот долг дефинирани во усвоениот Закон за буџети, Македонија ќе биде доведена во пропаст, посебно што учеството на странските задолжувања се над 70% од вкупните задолжувања.

Кога ќе се земе во предвид дека каматните стапки се далеку повисоки во економска криза, Македонија само за камати ќе исплаќа огромни суми, кои во моментов само за државниот долг изнесуваат околу 150 милиони евра.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

19.09.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ