Власта ќе уништува плодно земјиште за приватни фотоцентрали!

левица бело

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Владата на СДС и ДУИ, следејќи ја неолибералната агенда и корпоративниот странски интерес, решила по секоја цена да го уништи домашното земјоделското производство.

Во процедура се измени на Законот за земјоделското земјиште, на предлог на министерот Љупчо Николовски, со кои се предвидува на плодно земјиште, странските приватни корпорации да градат соларни електрани и произведуваат електрична енергија, која потоа ќе ја продаваат по берзански цени!

Ваквите измени се катастрофални, затоа што плодната земја како лимитиран ресурс не смее да се оттуѓува за приватни интереси! Власта на СДС и ДУИ, откако го распродаде најважниот енергетски ресурс, Чебрен, сега ќе ја распродава и плодната земја – со што државата дополнително ќе стане зависна за храна и енергија од приватни корпорации.

398660272 910186367131095 4037904380519681985 n

Левица, следејќи ја својата идеолошка линија, со години предупредува на дивеењето на крупниот капитал во овој сектор и цврсто се држи до тезата дека производството на електрична енергија треба да биде од домашни енергетски компании во државна сопственост.

Истото не смее во никој случај да влијае негативно на производството на земјоделски производи, односно, земјоделското земјиште како ограничен природен ресурс треба да служи само и единствено за производство на храна.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

01.11.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ