Во спомен на светите браќа, Кирил и Методиј

св.кирил-и-методиј

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

1158 години нè делат од почетокот на Моравската мисија. Толку има поминато од времето кога Константин, подоцна замонашен како Кирил, ја создал глаголицата, писмо засновано на јазикот што го говореле Словените од околината на Солун, македонските Словени.

Земајќи ја предвид посветеноста и самопожртвуваноста на сесловенските просветители при извршувањето на оваа мисија  (за двајцата ширењето на словенската писменост се претворило во доживотна задача, и едниот и другиот се упокоиле додека ја исполнувале оваа света должност), голем број слависти сметаат дека коренот на таа посветеност лежи во нивното, најверојатно, словенско потекло.

Светите Кирил и Методиј се основоположници на континуитетот на македонскиот јазик  затоа што старословенскиот јазик како прв книжевен јазик на Словените е заснован токму на говорите на македонските Словени од Солунско. Оттука и почитта кон нивното дело како дел од нашата традиција и култура која трае низ вековите.

Денес, по речиси дванаесет века, повторно, по којзнае кој пат, исправени сме пред предизвикот да се бориме за просвета и вистина. Денес квинслинзите се обидуваат на дрзок и брутален начин да посегнат по книгите кои двајцата браќа по цена на сопствениот живот ни ги ставиле во рака. На потомците на тие, чиј јазик е вграден во темелот на словенската писменост им се спори правото на светлина на знаењето, односно истата се жртвува на жртвеникот на дневна политика и лични, лукративни интереси.

Националното достоинство на македонскиот народ е уништожено до крајни граници од нивното неуко, самоделско дејствување со самобендисаност втемелена токму врз бездната на епското незнаење и непризнавање на сопствениот корен. Од нивна перспектива, перспектива на паразитски билки кои вегетираат црпејќи сила од коренот на својот домаќин, тоа е сосема логично поведение. Паразитот ниту не знае дека мора да се има корен кој напојува со животворен сок!

Но, ние знаеме. И знаеме кој ни е коренот. Со секој изречен или напишан збор, се потврдуваме, ја аргументираме својата самобитност, својот идентитет.

ЛЕВИЦА го честита денот на Светите Кирил и Методиј: чест е да се учи и пишува на македонски јазик, јазикот – темелник на словенската писменост, и нема да отстапиме од тоа право ниту за стапка!

 ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – СЕКТОР ОБРАЗОВАНИЕ
24 мај, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ