Вработените во јавните установи – Заробеници на личните интереси на двајца советници од коалициите на СДСМ и ДПМНЕ

левица демир хисар

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Веќе е март, а советот на Општина Демир Хисар нема согласност за донесување на буџетот за 2021 година, кој по закон треба да биде донесен најдоцна до 31 декември во тековната година, во случајот 2020 година.

Причината за ова е уцената на двајца советници, еден од редовите на коалицијата на СДСМ а друг од коалицијата на ДПМНЕ, за исполнување на нивните лични интереси.

Последиците од тоа ги трпи целата Општина, а најмногу вработените на јавните претпријатија кои останаа без јануарска плата: ЈКП Комуналец, ТППЕ – Демир Хисар, ЈУДГ 2 Септември, и вработените во Општина Демир Хисар.

Нека размислат демирхисарци за какви советнички листи гласаат!

Левица ЛО – Демир Хисар бара итно свикување на советот и донесување на буџетот на општината!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ДЕМИР ХИСАР
06 март, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ