За прв пат билатерален спорт влегува во преговарачка рамка на ЕУ врз грбот на Македонија

османи ковачевски петков

Две години Левица предупредува за штетноста од преговорите со Бугарија и бара нивен прекин. Владата на СДСМ и ДУИ, која не зависи од електоратот, туку од служењето на надворешни интереси и од создавање на привид за европска извесност, која е очевидно неизвесна, е спремна да изврши уште едно национално предавство.

Иако е јасно дека и Министерството за надворешни работи има учествувано во изготовка на нацрт-предлогот на ЕУ, министерот Бујар Османи и премиерот Димитар Ковачевски одбиваат да заземат став и продолжуваат со рушење на македонската држава!

Од новиот предлог на Европската унија, јасно е дека се наметнати нови (не)европски барања, кои го загрозуваат правото на самоопределување на македонскиот народ и ја деградираат македонската државност. Европските бирократи ги инкорпорираа речиси сите негаторски барања на бугарската влада и повторно застанаа во одбрана на шовинизмот на соседните држави.

Од Македонија се бара уште една нова присилна промена на Уставот, со што еклатантно се врши мешање во внатрешните работи на Републиката и се загрозува сувереноста на македонската држава! ЕУ, иако хиерархиски е далеку пониска од ООН, преку Бугарија го спори постоењето на македонскиот јазик, кој е признаен и бара договор помеѓу Македонија и Бугарија за “дообјаснување” на македонскиот јазик за целите на ЕУ.

Преседан е во целото постоење на Евроската унија билатерален спор да влегува во преговарачка рамка. Иако Албанија и Грција имаат билатерален спор кој трае со децении, никогаш овие држави не биле уценети со перфидни методи, како што тоа му се прави на македонскиот народ.

Понатака, ЕУ констатираше говор на омраза, без да потенцира дека се работи за Република Бугарија но, не констатираше проблем (провокација) во отварањето на Културен центар именуван по фашист, со што дополнително ја одобри оваа национал-шовинистичка нарација. Во предлог – заклучокот ЕУ констатира дека дека Македонија треба да ги напредне правата на етничките заедници, додека бугарскиот Устав не признава никакви етнички заедници.

Доколку се земе во превид методологијата за пристапување, предложена од Франција, со која се овозможува и веќе затворените поглавја одново да се отворат, Бугарија во целиот процес ќе има неограничена можност да го искористи правото на вето.

Повторно повикуваме на итен прекин на преговорите со Бугарија и апелираме и останатите парламентарни партии да излезат со ваков став – во спротивно, ќе бидат директни учесници во уште едно национално предавство. Доколку Европската Унија не може да го прифати македонскиот народ, јазик, држава и култура – такви какви што се, тогаш дојдено е времето за нова надворешно-политичка алтернатива.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

20.06.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ