За Тренчевска 78 отсто зголемување на платата – за пензионерите 6 отсто зголемување на пензиите

левица бело

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, не пропушта прилика да ги потсети пензионерите дека им следува ново покачување од 6% на пензиите во септември, ниту пак штеди пофалби во однос на тоа дека ова е најголемо покачување на пензиите до сега.

Министерката, која што неодамна доби покачување на платата од рекордни 78%, тврди дека покачувањето од 6% на пензиите е доволно за пензионерите да можат да ги задоволат своите животни потреби?!

Апсурдно е, во услови кога Владата ги одмрзна цените и се очекува ново зголемување на основните прехрамбени продукти, а потрошувачката кошничка изнесува над 50.000 денари и се повеќе граѓани тонат во сиромаштија и не можат да ги задоволат ниту основните потреби, министерката Тренчевска ова ПОНИЖУВАЧКО покачување од 720 денари, да гоприкажува како успех на владината социјална политика!

Очигледно е дека ниту Тренчевска, ниту другите министри во оваа ненародна влада, имаат чувство како е да се преживее месецот со 12.000 денари, колку што изнесува најниската пензија.

362243620 860899928726406 7602958822065486378 n

Потсетуваме дека согласно новата Методологија за усогласување на пензиите, пензионерите ќе добиваат зголемување на пензиите два пати годишно во март и септември. Зголемувањето ќе биде процентуално исто за сите, односно сите ќе добијат зголемување од 6,8 % – со што зголемувањето на пензијата ќе зависи од висината на самата пензија, каде повторно оние со најголеми пензии ќе добијат најголемо зголемување.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

31.07.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ