За Зијадин Села не се важни македонските национални интереси – приоритет се интересите на Косово и Албанија

села

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Села, како претседател на Алијанса на Албанците и пратеник во Собранието на Република Македонија, со своите испади после вчерашниот Самит на ЕУ за Западен Балкан, уште еднаш ги реафирмира неговите познати национал-шовинистички и сепаратистички ставови и тенденции во своето идејно-политичко делување.

Имено, на вчерашниот Самит на ЕУ-Западен Балкан, на Македонија ѝ беше понуден срамен предлог за решавање на спорот со Бугарија и отпочнување на преговорите за пристап кон ЕУ. Предлог кој, освен што ги загрозува националните интереси на државата, дополнителното ја става Македонија во потчинета состојба во однос на Бугарија и истиот потсетува на фашистичките идеи од пред Втората светска војна, со што го негираат и омаловажуваат македонскиот народ, заговарајќи воспоставување на вазалска потчинетост на Македонија наспрема соседна Бугарија.

На ваквиот понижувачки и лицемерен однос на ЕУ кон Македонија најотворено регираше премиерот на Република Албанија – Еди Рама, кој на Самитот упати критики кон ЕУ и застана во одбрана на македонските позиции.

На сето ова, Зијадин Села на прес-конференција го обвини Еди Рама дека застанувајќи во одбрана на Македонија, ги нарушувал односите помеѓу Албанија и Бугарија!? Во суштина, со ова Села, потајно, се најде вознемирен од тоа да не случајно и македонската страна упати критика кон Бугарија и ЕУ, онака како што тоа го направи Еди Рама, односно како што заслужува и државнички доликува да се одбие еден ваков понижувачки и непристоен предлог и однос кон суверена и независна држава.

На прес-конференцијата, Села дури најде за сходно и да ги приоретизира косовските позиции – само не и македонските (!), заговарајќи признавање на Косово од страна на Република Србија, како услов за нејзина интеграција во ЕУ.

Оттука се прашуваме, во чие национално Собрание е пратеник Зијадин Села? Од даночните обврзници на која држава тој ја добива својата плата и ги ужива бенефициите како пратеник? Чии интереси застапува Села во парламентот на Република Македонија?

Доколку за Зијадин Села приоритет се интересите на туѓи држави, а не на Република Македонија и нејзиниот народ, во тој случај, нека го врати мандатот како пратеник во македонското Собрание – затоа што не е достоен да ги застапува позициите на Републиката и македонскиот народ!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

24.06.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ